fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Нашите земјоделци заработиле близу 60 милиони евра, нивните производи главно завршувале кај откупувачите

Во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 5%.

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3,6 милијарди денари, што во однос на истиот период лани е зголемување за 7,2 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според овие податоци во  второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 5%.

Според податоците годинава е зголемен откупот и продажбата кај доматите. Лани во второто тримесечие биле продадени 6.827 тони, а годинава се откупени и продадени 7. 142 тони. Од овошјето пораст на откупот и продажбата има кај јаболката (191 тон годинава наспроти 88 тони лани во истиот период. Поголем откуп и продажба има и кај свињите. Лани се откупени и продадени  1.995 тон, а годинава 2.690 тони. Зголемување има и кај печурките. Годинава се продадени 60 тони, наспрема 39 тони кои биле откупени и продадени лани во второто тримесечје.

Во ова тримесечје драстичен пад на откупот и продажбата има кај пченицата од полјодлеските производи. Годинава се откупени и продадени 160 тони, а лани во истиот период 675 тони. Намалување има и кај млекото. Лани биле откупени 326.618 хектолитри млеко, а годинава 287. 868 хектолитри.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close