fbpx
Вести

Српски инженер развива дрон кој може да го модернизира земјоделството

Интернетот е иднината што не очекува, предводена не од паметни домашни уреди, туку од дронови и автономни возила кои служат како очи и други сензори. Последниот пример на фантастичната примена на беспилотните летала доаѓа од Србија, каде Иван Петрушевски направи систем кој благодарение на автономен дрон може да анализира, обработува и третира почва. Наречен AgroDrone, ова летало ги прибира потребните податоци за временските услови, состојбата на посевите, а доколку се појави заболување, може набрзина да биде локализирано и навремено третирано.

Приказната зад креирањето на технологијата се чини дека е класика, а покажува дека е многу тешко да се надевате на успех без целосна посветеност.  Петрушевски го прифати ризикот да ја напушти сигурната работа за да се посвети на својата идеја за беспилотното летало, која прво започна да ја реализира како докторска дисертација.

A5C35905C3-30juaukzkktmpwkrrduups

 

Леталото е автономно, што значи дека без контрола од земјата лета над подрачјето и прави првична анализа. По отчитување на првата мапа и забележување на проблематичните подрачја, во вториот прелет дронот лета пониско и фотографира од поблиску, па фотографиите се со подобар квалитет и можат да се анализираат. Системот овозможува заштита и детекција на проблеми предизвикани од паразити, болести, проблеми со наводнување, проверка на меѓите и недозволен упад. Во текот на еден лет дронот може да покрие површина од 114 хектари за 40 минути, по ова се менуваат батериите и дронот лета со резервни батерии. Времето потребно за полнење е 3 часа, што можеби укажува дека за продолжена работа се потребни повеќе резерви. По летовите податоците и фотографиите ги разгледува техничко лице кое може да укаже на решенија.

srpski inzhener razviva dron koj mozhe za go modernizira zemjodelstvoto

 

„Вака се детектираат локални проблеми. На пример доколку е потребно да се третираат болести на растенијата, може да се прска локализирано еден ден, без потреба за третирање на целото поле. Вака се штедат пари, но поважно се штеди време“, вели г. Петрушевски.

Screen-Shot-2015-12-23-at-4.07.36-PM

За жал, најголемиот проблем на технологијата не технички. Земјоделците вообичаено не и веруваат на технологијата која не ја виделе на дело, па сметаат дека повеќе работа ќе завршат ако самите со сопствени очи се уверат во изгледот. Сепак технологијата овозможува најмалку подеднакво добар увид, и тоа побезболно детектирање на проблемите и во порана фаза.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close