fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Трипуновски на средба со тутунарите од село Врбоец – за прв пат тутунарите добија картички за зелена нафта

Вредноста на претходниот откуп на тутунот е зголемена за околу 4,5 милијарди денари, вели министерот.

Министерот Цветан Трипуновски вчера остварил средба со жителите од населеното место Врбоец, општина Крушево и разговарале за претстојниот откуп на тутун.
Трипуновски вели дека граѓаните се согласиле дека лани имале одлични резултати од откупот на тутунот.
-Зголемувањето на откупната цена од 375 на 400 денари за тутун прва класа, како и зголемената субвенција од 80 на 100 денари по килограм, допринесе откупот на тутун да се зголеми за 60%.
Вредноста на претходниот откуп е зголемена за околу 4,5 милијарди денари.
Годинава директните плаќања по обработливa земјоделска површина за тутун изнесуваат 6.000 денари по хектар.
Дополнително, од оваа година за прв пат тутунарите добија картички за зелена нафта, што претставува дополнителна поддршка, објави Трипуновски.
Пред жителите на Врбоец Трипуновски ги претставил и  објавените четири јавни повици кои се однесуваа за модернизација на земјоделските стопанства со максимална поддршка од 600.000 денари по корисник за набавка на трактори, приклучна механизација и друга опрема.
-Преку Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност” се одобрија 117 апликации од вкупно 254 апликанти, со финансиска поддршка од 69 милиони денари.
Ова претставува значително зголемување во споредба со 2023 година, кога беа одобрени само 18 корисници од 44 апликации, вели Трипуновски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close