
Агро бизнисВестиТоп вести
Во село Селце маж со трактор сакал да го повреди соседот, па удрил во оградата
ОВР Прилеп го лишија од слобода А.М.(29) од с.Селце
СВР Битола соопшти – На 25. 9.2025 во 17:30 часот во с.Селце, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.М.(29) од с.Селце. Според пријавеното, тој започнал расправија со негов сосед, по што го стартувал тракторот и се обидел да го удри соседот, но удрил во оградата. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.