
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Денеска облачно со сончеви периоди – Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран
Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне.
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.