
Падна првиот снег во Македонија
Ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка.
На планинските предели, особено на Маврово и Попова Шапка, падна првиот снег за оваа есен, а на некои места веќе се формира тенка бела покривка која се очекува да се зголеми до 15 сантиметри.
За многумина, ова е прв сигнал дека зимата полека се приближува.
Денес ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка. Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.