
Агро бизнисВестиТоп вести
Oблачно и студено со повремени врнежи од дожд со ниски утрински температури
Нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот.
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.