Овчото млеко е најквалитетен вид млеко, како лек, иако луѓето избегнуваат да го пијат
Овчото млеко содржи двојно поголема количина млечна маст, е побогато со витамин Ц, протеини и сува материја. Само по содржината на млечен шеќер, лактоза, е еднакво на кравјото млеко.
Овчото млеко е како лек, богат извор на протеини, е слабо застапено во потрошувачката. Неправедно запоставеното овчо млеко често се користи само како основа за производство на сирење. Важноста на овчо млеко е темата на текстот – автор Ненад Вујчиќ, дипл. сточарство, PSSS Србија.
Поради неговото посебно нутритивно значење, овчото млеко во последните години е препорачано од Светската здравствена организација. Нивните експерти тврдат дека тоа е најквалитетен вид млеко, кое од неоправдани причини е незначително застапено во менито на современиот човек.
Благодарение на специјално развиен имунолошки систем кај овците, мали се шансите во млекото да се пронајдат микроорганизми што би го загрозиле здравјето на луѓето.
Овчото млеко како лек инаку, содржи двојно поголема количина млечна маст, е побогато со витамин Ц, протеини и сува материја. Само по содржината на млечен шеќер, лактоза, е еднакво на кравјото млеко.
Извор Агроинфо нет




