Агро бизнисВестиТоп вести
И денеска облачно со повремени локални врнежи од дожд наместа пообилни и поројни
И вторник дожд, среда и четврток времето ќе биде стабилно со постудени утра
Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нови врнежи повторно се очекуваат во петок кон крајот на денот.





