
Агро бизнисВестиТоп вести
Маж од село Единаковци е тешко повреден возел мотор пијан со 2,42 промили алкохол во крвта
Н.К.(43) од с.Единаковци, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
СВР Битола информира – На 27.10.2025 во 20:35 часот во ОВР Демир Хисар е пријавено дека во с.Единаковци, демирхисарско, Н.К.(43) од с.Единаковци, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола, а при преземање мерки констатирано е дека го управувал мопедот со 2,42 промили алкохол во крвта. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



