
Тутунскиот комбинат Прилеп со добивка од над 1 милијарда денари или 17,8 милиони евра
Ова е голем пресврт имајќи предвид дека исиот период минатата година компанијата имала загуба, и била во минус над 117 милиони денари или 1,9 милиони евра.
Една од најуспешните компании од Прилеп со значителен раст на заработката оваа година, особено во споредба со истиот период минатата година.
Согласно последниот Биланс на успех на Тутунскиот комбинат Прилеп објавен на Македонска берза, во периодот од јануари до крајот на септември годинава, компанијата успеа да оствари добивка од над 1 милијарда денари или 17,8 милиони евра.
Ова е голем пресврт имајќи предвид дека исиот период минатата година компанијата имала загуба, и била во минус над 117 милиони денари или 1,9 милиони евра.
– Финансискиот резултат за “Тутунски комбинат АД Прилеп” за период 01.01.2025-30.09.2025 покажува добивка во износ од 1.098 илјади денари. Споредбено со претходната 2024 година во истиот период, имавме негативен финансиски резултат од 117.729 илјади денари – се посочува во извештајот на Тутунски комбинат.
Во него е истакнато дека оперативните приходи се зголемени во 2025 година, односно од 547.657 илјади денари на 1.115.870 илјади денари. Причината за ова зголемување на оперативните приходи е резултат на зголемувањето на приходите од продажба на домашен пазар од 128.317 на 508.169 илјади денари, пишува Вечер.мк.




