Агро бизнисВестиТоп вести
Од четврток во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Променливо облачно. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на серија влажни воздушни бранови од четврток во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).





