fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

МВР со информација за случајот во Платежната агенција

– Полициски службеници во моментов вршат претреси на повеќе локации под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, стои во соопштението од МВР.

Во акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал денес нешто после 13 часот, неофицијално, лишен е од слобода В.Д директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Наводно се работи за земање на мито од страна на директорот од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку ИПАРД. Дека директорот земал мито е констатирано со помош на одбележани пари.

Од МВР и ОЈО ГОКК ја потврдија акцијата, објави https://puls24.mk/

– Полициски службеници во моментов вршат претреси на повеќе локации под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, стои во соопштението од МВР.

– Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, велат од ОЈО ГОКК и најавуваат детали во текот на утрешниот ден.

Слични написи

Back to top button
Close