fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски не е релевантен да говори за тема корупција, тој е корупцијата во земјоделството

Сега, за разлика од времето на СДС одговорност има за секој сторен криминал.

Љупчо Путер Николовски, кој во својата кариера остана запаметен по гломазно презентираната акција за заплена на стотина килограми путер, не е релевантен да зборува на ниту една тема, особено не на тема корупција, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува во интегрална форма.

Сега, за разлика од времето на СДС одговорност има за секој сторен криминал. Одговорноста во случајот со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието е брза и недвосмислена. Во време на СДС одговорноста беше мисловна именка, дури и кога доказите излегуваа во јавност, СДС ги бранеше своите функционери и до последен момент овозможуваше тие здружно да ја крадат државата.

 

Во врска со манипулациите дека ИПАРД средствата се запрени, одговорно тврдиме дека е лага. Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на коишто сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел.

Веднаш по акцијата која што ја спроведе Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, преземени се дополнителни активности со цел да се провери работењето на самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Ќе се преземат одредени активности во делот на контролните механизми, во делот на исплатата на ИПАРД средствата, а потоа се ќе продолжи во планирана динамика.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close