fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Стопирана е исплатата на 400 илјади евра за 15 корисници на ИПАРД, поради скандалот со Платежната агенција, потврдува Министерството за финансии за порталот „Зелена берза“.

Но, останува нејасно што ќе се случува со поднесените барања за исплата кои што се во процедура на одобрување во Платежната агенција и барањата кои според договорите треба да се поднесат во периодот што следи? Колку корисници и колку средства се во прашање?

 

Стопирана е исплатата на петнаесет корисници на ИПАРД 3 Програмата во износ од 400 илјади евра, потврдуваат официјално од Министерството за финансии за „Зелена берза“.

Но, останува нејасно што ќе се случува со поднесените барања за исплата кои што се во процедура на одобрување во Платежната агенција и барањата кои според договорите треба да се поднесат во периодот што следи? Колку корисници и колку средства се во прашање?

Стопирањето на исплатата следува по избивањето на големиот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој откако директорот Илија Стоилев и неколкумина служеници се притворени за поткуп од околу 50 илјади евра.

Министерството за финансии одговарајќи на прашања на „Зелена берза“ потврдува дека одлуката за времен прекин на исплата на средствата од ИПА/ ИПАРД програмата значи дека во овој момент Платежната агенција не смее да превзема финансиски импликации односно „не смее да се склучуваат нови договори и да се вршат исплати за веќе склучени договори.“ Од Финансии велат дека во тек се дополнителни проверки во процесите на работа на Платежната со цел да се утврди регуларноста на истите и да се добие увереност дека може да се продолжи со исплата на договорите, а тоа би значело и повлекување на времената одлука за прекин на исплатата на плаќања од страна на Националните структури.

„Сите барања за исплата со рок за исплата до 31.12.2025 година се исплатени, освен 15 корисници за кои треба да се исплатат околу 400.000 евра, кои се одобрени од страна на Агенцијата, но поради новонастаната ситуација истите не се доставени до МФ на исплата.

Во рамките на АФПЗРР процесите на работа продолжуваат односно се обработуваат пристигнатите апликации и барања за плаќања, а истите ќе бидат процесирани при повлекување на суспензијата“, стои во одговорот од МФ за „Зелена берза“.

Тука се отвора прашањето на кое Министерство за финасии засега нема јавен одговор – Колкав е бројот на поднесени барања за исплата кои се во административна процедура и која е таа сума што требало да оди на сметка на корисници?

Министерство за финансии велат дека за последните две години односно од периодот за имплементација кој е започнат од 6.11.2023, до овој момент имаат „исплатено 274 договори во износ од 8.266.375 евра европски средства и 2.754.487,36 евра национални средства од ИПАРД 3 програмата.“

Целосната сума на ИПАРД 3 Програмата изнесува 97 милиони евра европски средства и 31 милион евра национални средства.

Периодот за имплементација започнат 2023 година трае до 31.12.2030.

Во моментов според МФ, се обработуваат следните апликации од кои би се склучиле договори:

Мерка 1 – 27 барања, вкупна финансиска подршка  7.415.334 евра

Мерка 3 – 24 барања, вкупна финансиска подршка 7.427.824 евра

Мерка 7 – 22 барања, вкупна финансиска подршка 4.945.954 евра

 

„Приоритет на службите на Министерство за финансии е да се осигура регуларност и легалност на процесот и во најкус можен рок да се одблокира процесот без да предизвика штета на корисниците, како и на угледот на самата Програма и на државата во целина. Во самиот процес на контрола и проверка вклучивме повеќе структури и органи на државната власт, а со цел да се добие уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на процесите со што би се отстраниле времениот прекин на исплати и склучување договори“, наведуваа од МФ.

Пет лица се под истрага и во притвор за поткуп и примање мито за случајот поврзан со распределба на европски пари од ИПАРД програмата, неповратна помош што Европската унија ја доделува за македонското земјоделство. Првоосомничен е тој што го дал поткупот за да  добие средства од ИПАРД 3, или појасно кажано правното лице, тројца вработени службеници во МЗШВ и УЈП се посредници на кривичното дело, додека директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев, е осомничен за примање поткуп, ветување во износ од високи 50.000 евра.

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски најави дека за брзо ќе има нов директор на Платежната агенција со цел работењето да продолжи со нормална динамика.

 

Анета Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close