
Агро бизнисВестиТоп вести
Централниот комитет го разреши Илија Стоилев од партиските функции
Стоилев беше претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Свети Николе
Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа го разреши Илија Стоилев од претседателското место во Општинскиот Комитет во Свети Николе, по случајот на злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Ова денеска го соопшти партијата заедно со информацијата дека почнале подготовките и за претстојниот редовен Конгрес кој ќе се одржи на 6 декември во Кавадарци.




