fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Јајцата поскапеа за 30-40 денари по табла

Освен јајцата, наскоро се очекува и зголемување на цената на месото

Изминативе денови, во речиси сите маркети и зелени пазари дојде до значително зголемување на цената на јајцата.

Тоа значи дека ако една табла со 30 јајца (Л класа) се продавала по цена од 280 денари, сега се продава по цена од 310 денари, односно мала табла од 10 јајца (М класа) која се продавала по цена од 90 денари, сега чини 105 денари.

Ова, важи за скоро сите маркети и скоро сите производители на јајца, а она што е дополнително загрижувачки е што цените нагло се смениле.

Но, освен јајцата, наскоро се очекува и зголемување на цената на месото, особено на свинското и јунешкото.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close