Отворени 34 пунктови за откуп на тутунот во Тутунски комбинат Прилеп
Сите компании кога се склучуваа договорите имаа цени од 414 до 420 денари за килограм прва класа. Очекувам со почетокот на откупот да ги нивелираат цените и да стигнат до оној максимум кој е понуден од дел компании- 420 денари за килограм за првата класа – изјави Трипуновски.
Прилепскиот тутунски комбинат денеска почнува со откуп на тутунот од годинашнава реколта на 34 пунктови, најави вчера министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при неговата работна средба во Комбинатот.
Прилепскиот тутунски комбинат е подготвен да го почне откупот на тутунот од годинашнава реколта и ќе ги исплаќа тутунарите двапати неделно. Ќе ги преземе договорените околу 2. 300 тони тутун.
Тој рече дека сите откупни компании обезбедиле средства за исплата и очекува овие денови и тие да почнат да го преземаат тутунот. Се очекува откупувачите да ги нивелираат цените по класи.
– Сите компании кога се склучуваа договорите имаа цени од 414 до 420 денари за килограм прва класа. Очекувам со почетокот на откупот да ги нивелираат цените и да стигнат до оној максимум кој е понуден од дел компании- 420 денари за килограм за првата класа – изјави Трипуновски.
Годинашнава реколта се проценува од 22 000 до 24 000 тони тутун и е со висок квалитет и продолжува традицијата на квалитетно производство.




