
Агро бизнисВестиТоп вести
По обилните врнежи најкритична е состојбата во Ресен и Битола
По излевање на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор и Дрмени, со што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделски површини.
Информација за обилните врнежи на територијата на Р.С. Македонија до 08:00 часот
РЦУК – Битола известува дека во Општина Ресен, како последица на обилните врнежи, дошло до излевање на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор и Дрмени, со што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделски површини.
Ангажирани се екипи на јавни претпријатија и приватни фирми со вкупно 4 багери, 7 пумпи и повеќе приватни пумпи за црпење на вода. На регионалните патишта има наноси од земја кои се расчистуваат по приоритет.
Нивото на Голема Река е 2,1 м со почетни излевања во Долна и Горна Бела Црква.
ЈКП „Пролетер“ известува за нарушен квалитет на водата – привремено не се препорачува за пиење.
ТППЕ Ресен интервенира во с.Дрмени со 2 возила и 5 пожарникари.
Општина Битола пријавува повеќе интервенции:
– ЈП Битола работи во подпелистерските села Нижеполе, Дихово, Цапари, Породин, Жабени, Лажец, Меџитлија, Острец, Граешница и Кишава.
– ЈП „Нискоградба“ и АД Водостопанство подигаат насипи на р.Драгор кај Долно Оризари.
– На мостот во Карамани се расчистуваат гранки и отпад со цел зголемување на протокот.
– ХМС „Стрежево“ ги чисти пропустите на Цапарска река (Доленци–Лера).
– Ангажирана е целата механизација, екипите остануваат на терен и во текот на ноќта.
– Поради вода на коловоз, затворени се патиштата Лера–Доленци и кон Цапари.
– Нивото на р.Црна е зголемено на 2,7 м (во 15:30 ч).
– ЈКП Водовод – Битола работи на дефект што предизвика прекин на водоснабдување од Кравари до Меџитлија.
– Преку Е-112 пријавени се повеќе поплави на подруми, дворови, паднато дрво и ризик од излевање на канали.
Општина Демир Хисар: излевање на р.Црна кај с.Жван со поплавени земјоделски површини; екипите расчистуваат одрони на локалните патишта Базерник и Вирово – двата правци се проодни.
Општина Прилеп: преку Е-112 пријавено паднат таван на куќа на ул.„Кајмакчалан“, како последица од дождовите; известени надлежните служби.
РЦУК – Охрид: извршени повеќе интервенции на поплавени домови; по престанокот на дождот состојбата е стабилизирана, но реките и понатаму се на високо ниво.
РЦУК – Куманово:
– Во Крива Паланка и Кратово екипите расчистуваат повеќе одрони на регионалните патишта.
– Водостојот на Кратовска и Крива Река е зголемен, без пријавени излевања.
РЦУК – Скопје: нивото на реките е покачено, но состојбата е под контрола и без излевања.
РЦУК – Струмица: пријавени три одрони на патот Струмица–Валандово кои се веднаш проследени до надлежните служби.




