
Кузеска – Министерот Трипуновски сокрива информации за скандалот со ИПАРД, обвинува СДСМ
Сериозен удар врз илјадници земјоделци и компании кои се потпираат на поддршката од ИПАРД.
Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот цветан Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Презентирајќи документ Кузеска соопшти што пратил Трипуновски на официјалното писмено барање за информаци со ИПАРД скандалот.
„Нема ниту збор за причините, нема ништо за времетраењето на суспендирањето на средствата од ИПАРД, нема ниту информација за планираните чекори за надминување на овој сериозен проблем.
Едно големо ништо. Трипуновски праќа општи законски рамки, цитати од регулативи и процедури што се одамна познати и не даваат одговор на клучните прашања што ги засегаат земјоделците.
Овој дрзок начин е директна навреда, исмејување на 3.000 нови бизниси, на 10.000 потенцијални нови работни места, ова е потценување на штета од 130 милиони евра.
Суспензијата на над 130 милиони европски пари не е некоја административна формалност, туку сериозен удар врз илјадници земјоделци и компании кои се потпираат на поддршката од ИПАРД.
Со ова сокривање на информации, Трипуновски го загрозува системот на поддршка кон земјоделците и ја продлабочува штетата што ја претрпуваат.
Човек кој јавно кажува дека не чувствува одговорност за ваков мега-скандал во неговиот ресор и во неговиот мандат не може да биде министер и да води ресор“, рече Кузеска.




