fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Пет од десетте тутунски компании ги отворија пунктовите за откуп на тутун

Се зголемува интензитетот на откупот на годинашнава реколта тутун. Компаниите ги отвораат пунктовите. Сојузот на земјоделски здруженија инсистира да не се откупува по класи со моменталната цена од 420 денари за килограм. Не се откажуваат од барањето за повисока цена, но и од тоа да се прецизира конкретен датум на почеток на откупот…

Пет од десетте лиценцирани компании ги отворија пунктовите за откуп на годинашнава реколта тутун. Деновиве уште три ќе излезат на теренот, со што е зголемен интензитетот на преземањето на родот.

Досега се купени 500 тони по 420 денари. Сојузот инсистира да не се купува по класи, зашто просекот би паднал под ланскиот. Иако трае откупот, не се откажуваат од барањето за зголемување на цената на тутунот.

Краен рок сите десет компании да ја купуваат реколтата од околу 22.000 тони е 15 декември. Сојузот во законските измени ќе бара, прецизно, откупот да почнува на 1-ви декември и да трае до 28-ми февруари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close