
Агро бизнисВестиТоп вести
Пратеникот на Левица Јанчев – Кина може да го препороди македонското земјоделие
Кина е отворена за увоз на македонски производи, вклучувајќи и земјоделски производи и производи од преработувачката индустрија.
Пратеникот од Левица, Саше Јанчев, по приемот кај амбасадорката на НР Кина Н.Е. Џјанг Сјаојанг, оцени дека отворањето на кинескиот пазар претставува историска можност за македонското земјоделие.
Народна Република Кина е моторот на светската економија и што е поважно за нас е отворена за соработка со Република Македонија.
Отворени се за збратимување на општини и градови од Македонија со градови од Кина.
Отворени се и за увоз на македонски производи, вклучувајќи и земјоделски производи и производи од преработувачката индустрија.
Имајќи ги предвид нашите капацитети за производство и нивниот капацитет за потрошувачка, очигледно е дека Македонија не може да произведе доволно ниту грозје, ниту вино, ниту други производи за да ги задоволи потребите на Кина.
Ова е одлична прилика пред се за развој на земјоделието во Македонија кое од година во година е во полоша состојба и тоа прилика за развој до нашите максимални капацитети.
Затоа е ова прилика која не треба да се игнорира.
Слика: Прием кај амбасадорката на Народна Република Кина, Н.Е. Џјанг Сјаојанг


