Агро бизнисВестиТоп вести
Иротова- Градинарите и овоштарите ќе ги добија заостанатите субвенции од 2021, 2022 и 2023 година
Директорката на Платежната агенција Даниела Иротова за Зелена берза одговори дека за градинарите и овоштарите ќе бидат исплатени заостанатите субвенции уште од 2021 година.
Зелена берза праша – Кога ќе бидат исплатени заостанатите субвенции за градинарите и овоштарите по неколку основи? Директорката на Платежната агенција Даниела Иротова за Зелена берза одговори дека за градинарите и овоштарите ќе бидат исплатени заостанатите субвенции уште од 2021 година.
„Од страна на Агенцијата се изработени и доставени налози за исплата на заостанати обврски од 2021, 2022 година и дел од заостанати обврски од 2023 година предмети кои бараа време за обработка за ажурирање и проверка, а истите стоеле необработени веќе подолг период за сите мерки.
Напоменуваме дека од страна на Агенцијата се утврдени приоритети и се дадени конкретни задолженија да се изработат предмети најнапред за земјоделците кои чекат и по неколку години за да им се исплатат субвенциите, се работат и тековни предмети како ќе се изработуваат предметите така ќе се пуштаат во Трезорот да се исплаќаат.
Барањата за сите мерки за кои се поминати роковите за плаќање се земени со приоритет и со донесување на програмата за 2026 година ќе бидат доставени во Трезорот за исплата“, потврди директорката Даниела Иротова за Зелена берза.
Анета Блажевска




