Агро бизнисВестиТоп вести

Директорката Даниела Иротова упатува демант на тврдењата на сточарот Насер Џемаили за органското производство на овци

Во Програмата за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2024 година утврдени се 3 мерки за одгледувачите на органски овци и органски овци во преод

 

Во врска со наводите изнесени од страна на Насер Џемаили – Претседател на СОО „Модерен овчар“- Скопје кои се однесуваат на изјавата на ВД Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова, за реализација на финансиската поддршка во органското производство на овци, сакаме да го појасниме следното:

Во Програмата за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2024 година утврдени се 3 мерки за одгледувачите на органски овци и органски овци во преод и тоа:

2.7. Директни плаќања за обележани грла органски и во преод овци постари од 12 месеци со висина на поддршка 300 денари по грло

2.8. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.7. за обележани грла органски и во преод овци постари од 12 месеци со висина на поддршка 700 денари по грло каде што услов е корисниците да имаат предадено или заклано органски јагниња/јариња во кланичен капацитет најмалку 50% од бројот на пријавени органски овци/кози.

2.10. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.7 и 2.9  за предадено органско и во преод јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет со висина на поддршка 500 денари по грло.

При проверка на исполнетоста на условите утврдени во програмата, покрај другите податоци, Агенцијата користи податоци од сертификатите издадени од страна на сертификациските тела.

При утврдување на бројот на сертифицирани грла Агенцијата користи податоци од издадените сертификати и спецификации кои се во прилог на сертификатите.

Во сертификатите се содржат податоци за бројната состојба на овците и козите но не се содржани податоци за бројната состојба на јагниња и јариња.

Од тука произлегува дека Агенцијата има доволно податоци за проверка на исполнетост на условите за подмерката 2.7  и не е спорно да одлучи по истите, но не постојат податоци за проверка на исполнетост на условите за подмерките 2.8. која е директно поврзана со мерка  2.10 за кланиците- едноставно нема податоци и институција која може да даде податок за овие критериуми.

 

Прилог: сертификат

 

Демант на Даниела Иротова ве-де директор на Плажената агенција

Поврзани новости

Back to top button