fbpx
Вести

Сточарите бараат повисока цена на јагнето, работат со загуба

stocari zemjodelstvo

Речиси два месеца пред Велигден, македонското јагне, за производителите, со пониска цена од очекуваната. Побараа поддршка од извршната власт. Некогаш од земјава се извезуваа околу 27 илјади тони јагнешко, сега некаде околу 7 илјади, најмногу во Италија, Грција, Хрватска.

Сточарите бараат повисока цена на јагнето, кое сега се продава за 120 денари. Велат, на нивниот бизнис му се заканува колапс, работат со загуба. Според нив, економска логика ќе имаат ако откупната цена е 160 денари за килограм. Побараа владата да ја субвенционира разликата.

„Ние не знаеме каде е проблемот, дали цената на јагнето е навистина намалена во Европа или цената ја диригираат извозниците. Како најкризна година, бараме владата да ни ги субвенционира тие 50 денари разликата од цената на извозниците до производствената цена. За да не бидеме во загуба, не бараме дополнителни трошоци“, вели Митко Јанков, сточар од Велес.

Сточарите бараа решение на проблемот на средба со министерот за земјоделство, му ги кажаа проблемите. Добија ветување дека во наредните неколку дена ќе достави предлог до владата за надминување на разликата во цената.

„Ако се прифати нашиот предлог што побргу тоа е подобро за сточарството. Навистина одгледувачите на овци се во колапс и од временските услови, од силната зима што ја имавме многу мали јагниња изгинаа“, изјави Скендер Аме, претседател на одгледувачи на овци од Дебар.

Од Здруженијата упатија апел до сточарите да не дозволат трговците да манипулираат со цената и да не го продаваат јагнето по пониска цена од 120 денари.

„Во еден реон има една цена во друг друга. Конкретно во прилепскиот регион моменталната цена е 100 денари, а министерот вели 120 денари е најниската цена, а трговците на терен бараат по 100 денари“, изјави Трајчевски Зоран, сточар.

Сточарите и министерот за земјоделство разговараа и за лошата инфраструктура и за старите бачила.

 


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close