fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Каракашев – Националната земјоделска мрежа се вклучи во Инцијативата за измени и дополнувања на Законот за тутун

Ѓорги Каракашев - Тутунските компании злоупотребувајќи ги законските пропусти во Законот за тутун, преку еден манипулативен и оркестриран откуп со однапред добро подготвено сценарио наметнаа стампеден откуп на тутунот при што го подгазија макотрпниот труд и достоинството на тутунарите.

ИНЦИЈАТИВА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН

Почитувани тутунопроизводители!

Приближно сме на средина од предвидениот законски рок за откуп на тутунот и за големо разочарување на тутунарите поголемите количини од овогодишниот тутун со екстра добар квалитет се презедоа од тутунарите по цени што се далеку од здрава економска логика.

Тутунските компании злоупотребувајќи ги законските пропусти во Законот за тутун, преку еден манипулативен и оркестриран откуп со однапред добро подготвено сценарио наметнаа стампеден откуп на тутунот при што го подгазија макотрпниот труд и достоинството на тутунарите.

За иронијата да биде поголема Сојузот, како законски застапник на тутунарите во целиот тој период глумеше фактор на решавање на проблемите, а решение никаде од никого не видовме. Со самото тоа се поставува оправданоста на постоење на една таква институција.

Националната земјоделска мрежа континуирано ги следи сите процеси и согледувајќи ја целата ситуација околу откупот цените и предавањето на тутунот, а пред се штитејќи ги интересите на своите членови, но и останати тутунари одлучно се вклучи во Инцијативата за измени и дополнувања на Законот за тутун, заедно со Иницијативниот одбор.

Во ова прилика сакаме јавно да Ве информираме дека за оваа Инцијатива со конкретни предлози и решенија јавно и писмено ќе се обратиме до ресорното министерство за земјоделие, до Владата како и законодавецот, односно Парламентот. Исто така јавно ќе ги повикаме сите политички субјекти како и невладини организации, медиуми да ја подржат ова инцијатива.

Тутунот е социоекономска култура од која егзистира огромен број на населението, се влеваат солидни финансиски, односно девизни средства во државниот буџет, а истовремено нуди развој и опстанок на голем број компании каде во производниот процес се вклучени голем број на човечки ресурси од различни профили, како и огромни инвестиции во капацитети за откуп доработка и пласман на тутунот.

Почитувани, свесни сме за супериорноста на квалитетот на македонското „жолто злато“ кој е составен дел на најбараните светски брендови на цигари и благодарение на идеалните почвени климатски услови како и повеќевековната традиција на производство, тутунопроизводството опстанало на овие простори. Поради сето горе наведено ЈАВНО ги повикуваме сите засегнати страни еднаш за секогаш да се седне на заедничка маса и преку издржани и одржливи решенија да се обезбеди долгорочно и економски одржливи решение на заедничко задоволство на сите.

Истовремено ја информираме јавноста дека доколку надлежните се оградатат од ова Инцијатива ја задржуваме можноста за поднесување претставка до Уставниот суд за преиспитување на Законот за тутун по основ на дискриминација на тутунарите што е во спротивност на уставното начело за гарантирана еднаквост на сите пред законите.

Со искрена почит Национална земјоделска мрежа, претседател Ѓорги Каракашев.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close