fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Божиќно бебе во скопската Зоолошка градина

Празничната магија пристигна во скопската Зоолошка градина! На Божиќ, во ЗОО се роди јагне, кое веднаш ги освои срцата на вработените и посетителите.

Од ЗОО информираат дека малечкото е здраво и полно со енергија, а мајката внимателно се грижи за него. Вработените истакнуваат дека ваквите „празнични бебиња“ секогаш носат посебна убавина и радост во празничниот период.

Посетителите во наредните денови ќе можат да го видат новиот жител на ЗОО, кој веќе предизвикува насмевки и убаво расположение, особено кај најмалите. 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close