fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Утрово на Попова Шапка најстудено со минус 11 степени

Температури под -8 степени се забележани и во Куманово (-9), како и во Скопје-Петровец, Берово и Крива Паланка, каде се измерени -8 степени.

Утрово во државата беа измерени ниски температури, при што најстудено беше на Попова Шапка со -11 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температури под -8 степени се забележани и во Куманово (-9), како и во Скопје-Петровец, Берово и Крива Паланка, каде се измерени -8 степени.

Во Тетово, Демир Капија и Маврови Анови температурата изутрина изнесуваше -7 степени, додека -6 степени се регистрирани во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип, Виница, Кавадарци и Крушево. Прилеп измери -5, Гевгелија и Претор -3, додека во Охрид и Битола утринската температура беше -2 степени.

Во изминатите 24 часа до 7 часот изутрина, најголеми количини на наврнат воден талог се регистрирани во Охрид (5 l/m²), Маврови Анови (3 l/m²), како и во Тетово, Демир Капија и Пожар (по 2 l/m²). Еден литар по квадратен метар се измерени во Крива Паланка и Крушево. Снежна покривка од 1 сантиметар е измерена само во Крива Паланка.

Според прогнозата, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и северните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 3 до 9 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close