
Сточарот Тони Петковски -Паша реагира – Зошто вистинските сточари не се поканети на средбата со Трипуновски
Дали не е срамота сточарите што активно работат да не знаат што мерки ќе се носат. По кој клуч ги биравте здруженијата да присуствуваат на средбата, па нас што не заобиколивте?
Сточарот од село Велушина, Тони Петковски-Паша реагира дека тој како претседател и неговото здружение на сточари „Пелагониско поле“ не биле поканети на средбата на министерот Цветан Трипуновски во Кавадраци со земјоделски и сточарски здруженија на која разговараа за креирање на Програмите за 2026 година.
-Зошто министерот Трипуновски кога доаѓаше во Битолско не бараше нас сточарите од здружението „Пелагониско поле“, мене лично Тони Петковски -Паша, а сега кога ги ‘крои’ политиките за субвенциите за сточарите нас не заобиколи и не ме покани на средбата во Кавадарци. Кои сточари и здруженија ги застапуваат интересите на сточарите? Дали знае министерот дека 90 проценти од сточарите не се запознати што се зборуваше на средбата во Кавадарци и што капа ни се крои? Дали не е срамота сточарите што активно работат да не знаат што мерки ќе се носат. По кој клуч ги биравте здруженијата да присуствуваат на средбата, па нас што не заобиколивте? Дали сега кога ќе доаѓате во Битолско пак ќе не побарате за да одите по нашите фарми и да се сликате?-, реагира Тони Петковски -Паша за „Зелена берза“.






