Агро бизнисВестиТоп вести
До петок стабилно – За викендот зголемена облачност, локални врнежи од дожд, на планините снег
Утрово во Берово минус 6 степени, Скопје и Струмица минус 5, Битола и Велес минус 4 степени.
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.





