fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите на маки – се распродаваат крави се затвораат фарми, вели Тони Петковски-Паша

„Ќе бараме средба со министерот за земјоделие или со Платежна агенција. Ветено ни е дека за скоро треба да ни биде исплатена премијата за млекото од март до септември, ако не ги добиеме парите најавуваме протести на сточарите. Бидејќи ситуацијата е тешка и за другите земјоделски гранки, како оризопроизводството тоа значи дека ќе организраме и заедничи и помасовни протести. Увозот на млеко, односно хемија, и увозот на ориз нѐ дотолчи како фармери. Лоша е работата“, вели Тони Петковски.

Според здружението на сточари „Пелагонско поле“ цената на суровото млеко веќе е пониска за денар до два кај повеќето млекарници. Ако цената за ситните сточари кај една од битолскките млекарници била 27-28 денари, сега се откупува и за 25 денари по литар. Додека пак од кај поголемите сточарски стопанства цената на суровото млеко се откупува за 30 до 31 денар по литар, иако претходно достигнуваше цена и до 33-34 денари за литар.

Тони Петковски -Паша, сточар од Велушина и претседател на „Пелагонско поле“ вели дека владее тотална неодговорност и негрижа на државата кон сточарите што резултура со затворање на фармите и распродажба на стоката.

„Работите се многу тешки, сточарите се фрлени на милост и немилост. Само кај нас во Пелагонија има десетина сточари што ги продаваат кравите, односно ги распродаваат за да ги затворат фармите. Ако сточар еднаш ја затвори фармата тој веќе не се враќа на чување на стоката. За жал крави се продаваат на огласи од познати и долгогодишни фармери од селата Габалавци, Драгош, Граешница Меџитлија…За крава бараат по 2.000 евра, само да ја продадат. Доаѓаат  купувачи од Косово и од Албанија, бидејќи кај нас од нашите сточари никој не купува крави“, изјави Петковски за „Независен“.

Најголемиот проблем за сточарите е што се оставени без субвенции. Лани во летото само дел од одгледувачите на крави зедоа пари за млекото за јануари и февруари и толку. Половина од одгледувачите на овци не ги зедоа целосно субвенциите за грло овца, а не им е исплатената ни премијата за млекото. Одгледувачите на кози се во најнезавидна положба, немаат земено субвенции по грло ни за 2024 година, ниту пак премија за млекото.

Од здружението „Пелагонско поле“ велат дека ситуацијата со млекопроизводството во државата оди во надолна линија, тренд кој не може да се стопира.

„Ќе бараме средба со министерот за земјоделие или со Платежна агенција. Ветено ни е дека за скоро треба да ни биде исплатена премијата за млекото од март до септември, ако не ги добиеме парите најавуваме протести на сточарите. Бидејќи ситуацијата е тешка и за другите земјоделски гранки, како оризопроизводството тоа значи дека ќе организраме и заедничи и помасовни протести. Увозот на млеко, односно хемија, и увозот на ориз нѐ дотолчи како фармери. Лоша е работата“, вели Тони Петковски.

Последната вест од Платежната агенција за исплата на премијата за млекото за сточарите беше пред Нова година кога за медиумите потврдија дека – „Барањата од оваа мерка во моментот се обработуваат и кога ќе бидат во целост проверени и изработени ќе бидат доставени до Трезорот.“ Еден месец подоцна нема најава за исплата на субвенциите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close