fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Националната земјоделска мрежа АПЕЛИРА – сите рокови за интервенции во Закон за тутун се испуштени

1.Тутунот да се цени во три класи од која - прва класа 600 денари - втора класа 500 денари - трета класа 400 денари 2. Линеарно исплата на субвенции од по 100 денари на кг предаден тутун 3.Корекции на правилникот за квалитативна и квантитативна проценка на квалитетот на тутунот што ќе овозможи реална, а не субјективна проценка.

Почитувани тутутунопроизводители!

 

Ова е последниот месец од законски предвидениот рок за откуп на тутун. Од први март заклучно до крајот на месец март се прават нови договори со откупувачите во кои задолжитено стои договорени количини и цени по класи и склучувањето на договорите е задолжително и облигационо за двете страни. Доколку се реализира производство без склучени договори законот предвидува казнени одредби за двете страни и задолжително уништување на засеаните површини тутун.

За жал во последниот период сме сведоци на грубо изигрување на Законот за тутун, но на штета на тутунарите. Националната земјоделска мрежа АПЕЛИРА и јавно укажува дека сите рокови за било какви интервенции во постоечкиот Закон за тутун се испуштени.

За причините не коментираме односно секоја изјава во тој правец е чиста манипулација за тутунарите Затоа ние како НЗМ јавно бараме:

При склучување на новите договори да стои следното

1.Тутунот да се цени во три класи од која – прва класа 600 денари – втора класа 500 денари – трета класа 400 денари

2. Линеарно исплата на субвенции од по 100 денари на кг предаден тутун

3.Корекции на правилникот за квалитативна и квантитативна проценка на квалитетот на тутунот што ќе овозможи реална, а не субјективна проценка.

Зошто го бараме сето ова? Од искуство знаеме дека откупните компании скоро никогаш не се вршеле реална проценка на квалитетот на тутунот и скоро секогаш се вршело проценка за класа подолу од реалниот квалитет на тутунот

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИТЕ: Со самото тоа ќе се одржи брендот на македонски ориентален тутун кој е многу баран и вреднуван во светски рамки. Ќе се обезбеди континуитет и квалитет на задоволство и на откупните компании државата но и на тутунарите како социоекономска категорија граѓани. Ќе се овозможи економска одржливост и предвидливост за тутунопроизводителите.

ЈАВНО ПОВИКУВАМЕ: Државата најсериозно да ги разгледа овие предлози и активно да се вклучи во нивна реализација Откупните компании исто така сериозно да ја сватат тежината и предизвикот пред кои се исправени затоа што добро знаат дека се потешко и се помалку е достапен ориенталниот тип на тутун на светско ниво а потребите се се поголеми Тутунунарите како најважна алка од овој ланец да пристапат и да посветат максимално приоритет на квалитет во однос на количините и површините со тутун Односно да не се впуштат во фармерски одгледување на тутун и да продуцираат хиперпродукција на тутун со што ке се доведет во ситуација пак да бидат уценувани и понижувачки Ние како НЗМ активно ги следиме и ке ги следиме состојбите во овој сектор и секогаш јавно и недвосмислено ке укажуваме на пропустите истовремено нудејќи и предлози и решенија

Со почит Национална земјоделска мрежа – претседател Ѓорги Каракашев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close