
Зимската зелка од Валандово се откупува по мизерни 5 до 6 денари по кг – земјоделците бараат итна средба со министерот Трипуновски
Советникот од Валандово Ерсан Фетиков вели дека вкупните трошоци за одгледување изнесуваат 9 денари по килограм, без да се пресметува вложениот сопствен труд. Ова покажува дека производството се одвива со загуба и не ги покрива реалните трошоци на земјоделците.
Зимската зелка од Валандовскиот крај се откупува за 5 до 6 денари по килограм, револтирани се производителите со напомена дека за секој килограм зелка земјоделецот има 2 денари трошок дневно за берба,
-Зимската зелка моментално се откупува по цена од 5,6 денари за килограм. За секој килограм зелка, земјоделецот има трошок од 2 денари само дневно за берба. Вкупните трошоци за одгледување изнесуваат 9 денари по килограм, без да се пресметува вложениот сопствен труд на земјоделецот. Ова покажува дека производството се одвива со загуба и не ги покрива реалните трошоци на земјоделците.
Се бара средба од земјоделците во Валандово со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, изјави за Зелена берза Ерсан Фетиков, советник во Советот на Општина Валандово.
Изјава од Фетиков на овој линк https://www.facebook.com/reel/1969161284015772




