
Насер Џемаили по средбата со кланичарите – Јагнето да се откупува по една цена од почеток на откупот до крај
Одгледувачите на овци не добиле конкретен одговор кога ќе бидат исплатени субвенциите за овците.
Одгледувачите на овци бараат откупот на јагнето да биде по иста цена од почеток до крај. Тоа значи да не се манипулира со цената на јагнето на штета на одгледувачите на овци. Ова меѓу другото било побарано од одледувачите на овци на средбата што се одржа вчера помеѓу претставниците на кланиците и одгледувачите на овци во посредство на министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.
Сточарот Насер Џемаили претседател на СОО „Модерен овчар“- Скопје за „Зелена берза“ изјави дека на средбата со кланичарите зборувале за Програмата за 2026 во делот на овчарството и од таму констатира дека нема да има промени во програмата.
„Нема да има промена во Програмата за 2026 година истата ќе биде само делот на условот за заклано јагне во кланица ќе биде или 30 проценти или предадено млеко. Ни едно од нашите барања не се прифатени. Со кланичарите дискутиравме да соработиваме. Ги замоливме да бидат по фер со цените, и да биде една цена на јагнето од почеток на откупот до крај за да не манипулираат трговците со цените. Оставивме да закажеме уште една средба за да ги дефинираме работите. Сојузот и задругите им понудивме на кланичарите да помогниме за собирање на јагнињата на државно ниво само да има повисока цена на откупеното јагне. Доста сточарите се манипулирани од трговците“, изјави Џемаили за „Зелена берза“
Што се однесува до исплатата на субвенциите Џемаили вели -„Прашавме кога ќе ни бидат исплатени заостанатите субвенциите и субвенциите за 2025 година, нема конкретен одговор, но ќе бидеме со приоритет на исплата.“
По вчерашната средба министерот Цветан Трипуновски објави дека – присуствувал на состанокот кој што се одржа помеѓу претставниците на кланиците и одгледувачите на овци.
Анета Блажевска






