Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Каракашев – За колку пари работат тутунарите?

Еден тутунопроизводител може да оствари принос од максимум 1.000 кг тутун годишно. По сегашната највисока откупна цена вклучително и субвенциите тоа се 500.000 денари бруто заработка.

ЗА КОЛКУ ПАРИ РАБОТАТ ТУТУНАРИТЕ?

Почитувани тутунопроизводители!

Веќе сме пред почеток на законскиот рок за склучување на новите договори за производство на тутун за реколта 2026 година.

Неминовно се поставува прашањето – Кои се тие реални откупни цени за тутунот што ќе обезбедат економска ликвидност и одржливост на тутунарите?

Како Национална земјоделска мрежа овој пат се обидовме од еден друг агол да погледнеме на моменталните состојби и цени, односно колкава е реалната заработка на еден тутунар кој сериозно се занимава со тутунопроизводството?

Од досегашното наше искуство во идеални услови и со максимално вложен труд, еден тутунопроизводител може да оствари принос од максимум 1.000 кг тутун годишно. По сегашната највисока откупна цена вклучително и субвенциите тоа се 500.000 денари бруто заработка.

Ако од ова сума се одземат производните трошоци кои се минимум 50% доаѓаме до сума од 250.000 денари нето заработка, односно 20.000 месечна заработка. Од ова сума мора да се плати персонален данок, да се платат придонеси за здравствено и пензиско осигурување, задршки за Сојузот и слично и во најдобар случај би останале 12.000 денари месечно. Согласно службен весник на РМ број 67 загаранантиран месечен минимален нето доход во државата е 24.400 денари.  На ова мора да се додаде задолжителен платен годишен одмор, платен регрес за годишен одмор, платено породилно и болничко отсуство, а од овие бенефиции тутунарите се исклучени односно не им следува.  Од сето горе наведено неминовно се извлекува заклучок дека тутунарите при идеално производство и махсимално вложен труд не можат да остварат ни половина од загарантираната минимална плата во Р.Македонија.

Затоа како Национална земјоделска мрежа упатуваме АПЕЛ до државата откупните компании многу сериозно да ги земат во предвид овие укажувања и при одредување на откупните цени да формираат цени кои ќе гарантираат заработка од минимално загарантиран месечен личен доход на ниво на Р.Македонија. Се надвор од ова е чист грабеж и манипулација и во блиска иднина ќе предизвика откажување на понатамошно тутунопроизводство во државата. Најголемите последици ќе бидат по откупните фирми и по државниот буџет.

Ѓорги Каракашев претседател на Национална земјоделска мрежа

Поврзани новости

Back to top button