Агро бизнисВестиТоп вести

Левица: Владата ги скратила земјоделските субвенции за 40 милиони евра

Партијата позната по криминалот и корупцијата, по луксузот кој си го уживаат нејзините функционери платени од парите на работниците, реши да ги скрати земјоделските субвенции за цели 40 милиони ЕУР, од 140 на 100 милиони ЕУР, пари кои сега нема да отидат кај земјоделците, туку партијата ќе си ги троши за свои потреби.

Левица ги повикува граѓаните да ги преземат работите „во свои раце“ откако Владата донела одлука да ги намали субнециите за земјоделството за речиси една третина, и тоа во време кога е регистриран нрекорден увоз на храна во државата.
„Со усвојувањето на новата програма за унапредување и поддршка на македонскиот аграр од страна на Владата, сведоци сме дека оваа т.н. програма не нуди ни унапредување, ни поддршка, а најмалку развој на домашното земјоделско производство на храна. Ова е уште една капка која веќе ја прелива чашата на неиздржливост, а која ДПМНЕ им ја сервираше на македонските земјоделци во овие неполни две години власт.
Партијата позната по криминалот и корупцијата, по луксузот кој си го уживаат нејзините функционери платени од парите на работниците, реши да ги скрати земјоделските субвенции за цели 40 милиони ЕУР, од 140 на 100 милиони ЕУР, пари кои сега нема да отидат кај земјоделците, туку партијата ќе си ги троши за свои потреби.
И оваа е уште една од вестите за катастрофата што и се случува на нашата земја и домашното производство на храна, по веста дека во 2025 година имаме рекорден увоз на храна од над 1,1 милијарди евра, односно, околу 600 милиони евра трговски дефицит кај храната, пари кои наместо кај домашните земјоделци, завршија кај странските корпорации и трговците блиски до партијата на власт.
Затоа, за да се спречи пропаста на нашето земјоделско производство и да се заштитат земјоделците кои од чесни производители на храна, оваа Влада има намера од нив да направи социјални случаи, апелираме на будност и спремност, на неопходно организирање и преземање на работите и судбината во свои раце“, порачуваат од Левица.

Поврзани новости

Back to top button