Агро бизнисВестиТоп вести

Ни ја запалија плевната, ни уништија три тони бостан и тракторите – земјоделец бара заштита

Седумчлено семејство од охридски Оровник живее во страв со месеци

Хоророт на семејството почнал минатото лето, кога целиот род од лубеници го нашле расфрлен и уништeн. Неколку месеци подоцна, на 8 декември, злосторствата врз имотот на семејството продолжиле, непознати сторители запалиле 150 бали сено, со кое Мирчевски ги хранел четирите крави, а целата тракторска механизација за обработка на земјата ја пронашол расфрлена и уништена. Капак на сè бил последниот инцидент. Утрината, на 10 декември, нашиот соговорник се разбудил со сознание дека плевната е во пламен. „Кога се запали плевната, внук ми видел двајца со црни капи на главата, само очите им се гледале, почнал да ги брка по нивите, но тогаш едниот му извадил нож и детево се уплашило, раскажува Марјан Мирчевски за весникот ВЕЧЕР, кој бара правда и безбедност за семејството. Од охридската полиција велат за случајот дека преземаат активности, пренесува https://www.vecer.press/

Семејството  Мирчевски од охридското село Оровник со месеци живее во страв бидејќи полицијата сè уште истражува кој им ја запали плевната, кој им ја расфрли механизацијата и кој им го уништи родот од три тони бостан. Педесет и едногодишниот стопан на имотот, Марјан Мирчевски, кој по смртта на братот се грижи и за неговото семејство и за старите родители, стравува за безбедноста, дека доколку полицијата не ги открие сторителите, може пак да направат нешто лошо. Особено сега, кога треба да почне да ја гради загубената плевна и да го обработува земјиштето. Неколкупати бил во охридската полиција, но оттаму го испраќале дома со одговор дека истрагата е во тек. Хоророт на семејството почнал минатото лето, кога целиот род од лубеници го нашле расфрлен и уништeн.

Така скапа, ништо не заработивме од родот, го јадеше стоката“, вели нашиот соговорник, кој случајот веќе го пријавил кај народниот правобранител.

Неколку месеци подоцна, на 8 декември, злосторствата врз имотот на семејството продолжиле, непознати сторители запалиле 150 бали сено со кое Мирчевски ги хранел четирите крави, а целата тракторска механизација за обработка на земјата ја пронашол расфрлена и уништена.

Механизацијата ја наоѓав не еднаш, туку пет пати, полиција викнав еднаш, кога ја најдов во долот, целосно уништена и неупотреблива. Дојдоа од крим-полицијата, демек ги гледаа, сликаа, но досега не се откри кој ми ја прави бељата, во очај  раскажува Мирчевски за весникот ВЕЧЕР и тврди дека штетата што злосторниците му ја направиле е од околу 20 илјади евра.

Капак на сè бил последниот инцидент. Утрината на 10 декември, нашиот соговорник се разбудил со сознание дека плевната е во пламен.

Ништо не остана од неа, ниту од сеното, морав да продадам две од кравите, нема со што да ги ранам, вели Марјан, кој сега сериозно стравува и за безбедноста на семејството и бара помош од полицијата побрзо да ги најде сторителите.

Од охридската полиција, за случајот со Мирчевски од селото Оровник кое се наоѓа во близина на аеродромот, велат дека преземаат активности.

Поврзани новости

Back to top button