
Националната земјоделска мрежа бара итна средба со министерот Трипуновски
БАРАМЕ РАБОТНА СРЕДБА СО РЕСОРНИОТ МИНИСТЕР ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ
Почитувани земјоделци!
Националната земјоделска мрежа заедно со други здруженија и многубројно присуство на земјоделски производители од повеќе производни региони од државата одржа две последователни земјоделски трибини во Прилеп.
На истите се дискутираше за актуелни проблеми во македонскиот аграр и се донесоа конкретни заклучоци и ставови. Исто така се донесе конкретен заклучок да се побара итна работна средба со ресорниот министер на која ќе се презентираат заклучоците и ќе се бараат конкретни мерки и решенија.
Очекуваме позитивен одговор од надлежните за што дополнително јавно ќе бидете информирани.
Во прилог писменото барање до министерот Цветан Трипиуновски
Со почит Горги Каракашев претседател на НЗМ






