Агро бизнисВестиТоп вести

Нема да се одземаат тракторите и приклучната земјоделска механизација кои се нерегистрирани и без сопственост!

– идентификациски податоци – марка, – тип, број на шасија и мотор, – година на производство на возилата – причините поради кои се поднесува предлогот, – изјава заверена на нотар, со која подносителот под целосна материјална и кривична одговорност изјавува дека совесно го владеел возилото и дека за истите не се води друга постапка пред надлежен суд и – приложува други докази кои ги поседува за возилата

Денеска во Собранието на Република Македонија на предлог на група пратеници се донесоа измени во Законот за возила кои беа директно побарани од земјоделците.

Пратеникот од Битола Пеце Милевски објави – Денес во Собрание се изгласани новите измени во Законот за возила, сите граѓани, а најмногу земјоделците ќе добијат дополнителен рок да ги легализираат и регистрираат своите возила и законски да ги користат на патиштата.
Ова е уште една шанса за легализација и регистрација на:
 трактори
 тракторски приколки
 мобилни машини
 мотокултиватори
 приколки за домување
 возила од категориите O1, O2 и L
 Заради заштита на правата на граѓаните и оневозможување на создавање на правна празнина и правна несигурност во оваа област и заради неможност за решавање на овие започнати постапки, со ова законско дополнување се уредува уште еден законски дополнителен рок.
Целта е да се решат постапките за утврдување сопственост, бидејќи дел од предметите сеуште се во жалбена или судска постапка.
Со измените се предвидува и:
 построга контрола на техничката исправност
 појасни правила за техничко одобрување на возилата
 поголема транспарентност во постапките.
Законските измени ќе донесат повеќе безбедност во сообраќајот и усогласување со европските стандарди.

Поврзани новости

Back to top button