Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ниски откупни цени, недостаток на работна сила, лоша инфраструктура – дел од проблемите на земјоделците

Проблемот и со работната сила со години се провлекува и миграцијата од руралните средини дојде до некоја висока бројка во процент некаде е околу 50% од младите и жените веќе ги напуштаат селата. Треба да се вложи долгорочно, стратешки, да се поддржат младите и малите земјоделци со конкретни мерки, едуакција и секако финансиска помош.

Ниски откупни цени, недостаток на работна сила, лоша инфраструктура но и ограничен пристап до здравство и образование се дел од поголемите предизвиции со кои се соочуваат земјоделците во Македонија. Претседателот на Националната федерација на фармери Стеванче Јорданоски рече дека за надминување на ваквите предизвици потребно е да се спроведат конкретни мерки и реформи со цел земјоделството во државава да може да опстане. Според него, потребно е и повеќе да се обрне внимание за тоа како да се привлечат младите да се занимаваат со оваа област, објави 24 вести.

Стеванче Јорданоски, претседател на Националната федерација на фармери

– Земјоделството и понатаму се соочува со предизвици како на пример ниските откупни цени, тренд кој што е забележан во последните 10 години и се рефлектира врз земјоделците и ги става во една незавидна положба во однос на социоекономскиот живот. Проблемот и со работната сила со години се провлекува и миграцијата од руралните средини дојде до некоја висока бројка во процент некаде е околу 50% од младите и жените веќе ги напуштаат селатаТреба да се вложи долгорочно, стратешки, да се поддржат младите и малите земјоделци со конкретни мерки, едуакција и секако финансиска помош.

Покрај долгогодишните предизвици, земјоделците во моментов се соочуваат со нов проблем. Недостаток но и зголемување на цените за ѓубривата. Тие од државата бараат кризен фонд преку кој ќе им се помогне во набавката на ѓубривата.

Стеванче Јорданоски, претседател на Националната федерација на фармери

– Како наш предлог тука би дале дека државата, односно Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство да преземе навреме конкретни мерки како на пример активирање на кризен фонд или интервентен фонд за да излезе во пресрет на тие материјали.

Во однос на исплатата на субвенциите за минатата година, финансиска помош која се уште не ја добиле оризопроизводителите и сточарите а која, како што велат е клучна во подготовките за годинава, министерот за замјоделство вели дека парите се исплаќаат етапно.

Поврзани новости

Back to top button