Агро бизнисВестиТоп вести

Грција најави пакет од 300 милиони евра – Има поддршка на земјоделците со субвенција за ѓубривото

Државна субвенција за грчките земјоделци

Државната субвенција на дизелот од 16 центи по литар во дистрибутивната мрежа; воведувањето на т.н. Дигитална картичка за гориво за околу три милиони сопственици на возила; поддршка на земјоделците со субвенција за ѓубривото; и компензација на поморските компании за да се избегне зголемување на цените на билетите за траектите – се четирите економски мерки за справување со последиците од војната на Блискиот Исток, во висина од околу 300 милиони евра, што ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, во видеопораката до граѓаните, посочи дека потребна е поддршка на домаќинствата и бизнисите во услови на меѓународна економска нестабилност, дека „Грција веќе има водечка улога во формирањето на заеднички европски одговор“, но и дека „Владата е решена да дејствува и самостојно, на национално ниво“, во рамките на фискалните можности.

– Денеска најавувам пакет од четири насочени мерки, што ќе важат за месеците април и мај. Вредноста на програмата изнесува околу 300 милиони евра, додека поддршката што ја овозможуваат се однесува на речиси целиот население – рече Мицотакис.

Поконкретно, првата мерка е со цел „да се намали негативното влијание од светското зголемување на цената на нафтата врз синџирот на снабдување, дистрибуцијата на стоки, како и земјоделското производство“ и се однесува на дизелот.

Поврзани новости

Back to top button