Агро бизнисВестиТоп вести
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет
Денес повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи повторно се очекуваат од вторник.