ВестиАгро бизнисТоп вести
Oблачно со пообилни врнежи од дожд на повисоките места од дожд и снег
Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.
Oблачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.





