Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Платежната агенција одговара – Еве кога ќе бидат исплатени субвенциите за тутунарите!

По низата прашања од тутунарите упатени до Зелена берза - Кога ќе бидат исплатени субвенции за тутунот од реколтата 2025, ева што одговорија од Платежната агенција.  

По низата прашања од тутунарите упатени до Зелена берза – Кога ќе бидат исплатени субвенции за тутунот од реколтата 2025, ева што одговорија од Платежната агенција.

„Во врска со Вашето прашање кое е доставено до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а се однесува на исплата на директни плаќања за тутун, Ве известуваме дека податоците од апликациите за мерката за тутун се целосно обработени, сите контроли на терен се завршени и во моментов работиме на обработка на податоците од извршените контроли на терен. По завршувањето на обработката на податоците од контролите на терен ќе се започне со подготовка со налози за исплата“, соопштија од Платежната агенција за Зелена берза.

 

А.Б

Поврзани новости

Back to top button