ВестиАгро бизнисМакедонијаТоп вести

КСЗД утврдила – Мајката на Никица Бачовски била политички дискриминирана во Здравствен дом Виница, објави поранешниот директор на Платежната агенција

Ленче Бачовска е медицинска сестра во Здравствен дом - Виница. Да се застане во одбрана на медицинските работници. Во време кога сите констатираме дека истите ги има сè помалку, недозволиво е да се доведува во прашање нивното достоинство. Постапките ќе продолжат пред надлежен суд, каде ќе се бара судско утврдување на дискриминација, вклучително и утврдување на сторена материјална и нематеријална штета, објави Бачовски.

Мајката на Никица Бачовски, поранешен директор на Платежната агенција била политички дискриминирана во Здравствен дом – Виница, објави поранешниот директор на Платежната агенција со извештај од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Бачовски беше прв човек на Платежната агенција во перидот од декември 2020 до јули 2024 година.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз медицински лица во Здравствен дом – Виница, а една од нив е мајката на Бачовски, Ленче Бачовска. Поранешниот директор на Платежната агенција преку Фејсбук статус објави мислење од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација.

Бачовски пишува-

„Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз основ на политичко уверување од страна на менаџментот на здравствениот дом во Виница, сторена врз мојата мајка и нејзина колешка – двете медицински сестри.
Формулирањето на претставките ми беше сериозен предизвик, особено ако се има предвид дека само 13% од претставките по овој основ завршуваат со утврдена директна дискриминација.
Сепак, мотивот беше континуираниот третман кој отстапува од законските обврски и стандардите за професионално постапување.
Во мојата професионална кариера, 3 и пол години раководев со институција со над 220 вработени – луѓе со различна политичка, верска и етничка припадност. Никогаш не си дозволив моите постапки да доведат до утврдена дискриминација од надлежен орган.
Очекувам надлежните институции, а пред се Министерството за здравство внимателно да го разгледаат мислењето на Комисијата и да преземат соодветни чекори во рамки на своите надлежности.
Да се застане во одбрана на медицинските работници.
Во време кога сите констатираме дека истите ги има сè помалку, недозволиво е да се доведува во прашање нивното достоинство.
Постапките ќе продолжат пред надлежен суд, каде ќе се бара судско утврдување на дискриминација, вклучително и утврдување на сторена материјална и нематеријална штета“, објави Бачовски.

 

 

Поврзани новости

Back to top button