Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Реакција на МЗШВ- Трибината со земјоделеците во Битола помина во конструктивна атмосфера

Однесувањето на одредени поединци и однапред смисленото сценарио говори исклучиво за нив самите.

МЗШВ со реакција по синоќешната трибина во Битооа со земјоделци од Пелагонискиот регион.

-Вчерашната трибина која што се одржа во општина Битола, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, помина во конструктивна атмосфера.

Земјоделците на трибината поставија низа прашања, на истите беше одговорено, што и ja претставува суштината на оваа кампања.

Целта на трибината е директен дијалог и слушање на реалните потреби на македонските земјоделци.

Воедно, сакаме да истакнеме дека однесувањето на одредени поединци и однапред смисленото сценарио говори исклучиво за нив самите.

Апелираме информациите да се пренесуваат објективно, без генерализација која не ја отсликува реалната слика од вчерашната трибина.

Поврзани новости

Back to top button