Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Има исплата на субенции за оризарите
Има субвенции и за складирање на пченица и јачмен од домашно производство.
Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци.
• 89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.
• 3.313.888 денари по мерка 7 – Финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство.
• 1.060.218 денари по подмерка 1.1 – Финансиска поддршка за предадена оризова арпа.
Наш приоритет на кој работиме е зголемување на конкурентноста и одржливоста на земјоделскиот сектор.



