Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сончево со умерена облачност – Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h
Од вторник до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од вторник до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.




