Агро бизнисВестиТоп вести

Во четврток во Струга – информативна сесија „ФЕР АНГАЖМАН“, посветена на Законот за работно ангажирање на лица

Целта на сесијата е јасно и практично информирање за можностите и придобивките што ги нуди Законот, како за фармерите, работниците, така и за работодавачите.

На 16 април 2026 година (четврток), со почеток во 13:00 часот, во салата на Советот на Општина Струга, ќе се одржи информативната сесија „ФЕР АНГАЖМАН“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. Настанот се организира во рамки на кампањата „ФЕР АНГАЖМАН“, како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, кој го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики и GIZ North Macedonia, во соработка со Министерството за економија и труд и Агенција за вработување на РСМ / Agjencia për punsim e RMV.
Целта на сесијата е јасно и практично информирање за можностите и придобивките што ги нуди Законот, како за фармерите, работниците, така и за работодавачите.
Во рамки на настанот ќе бидат презентирани клучните аспекти на Законот, категориите лица кои можат да бидат работно ангажирани, нивните права и обврски, како и презентација на електронскиот систем за пријава и одјава (е-Работа).

Поврзани новости

Back to top button