Агро бизнисВестиТоп вести

Се работат предметите за исплата на субвенциите за тутунарите

До редакцијата на Зелена берза пристигнуваат прашања од земјоделци кога ќе бидат исплатени субвенции и за други култури, како житото, млекото, по грло за говеда и кози... 

Се работат предметите за исплата на субвенциите на тутунарите, потврдува за Зелена берза директорката на Платежната агенција Даниела Иротова.

„Ги работиме предметите за тутунот, до крајот на април ќе бидат доставени до Трезорот“, информира директорката Иротова на прашање на Зелена берза.  

Директорката Иротова во изминатиот период е интензивно на терен со земјоделците на кои им презентира конкретни информации за се регионот што го посетува во однос на исплатата на субвенции.

До редакцијата на Зелена берза пристигнуваат прашања од земјоделци кога ќе бидат исплатени субвенции и за други култури, како житото, млекото, по грло за говеда и кози, за овоштарите, за индустриското јаболко…

Од Платежната агнеција велат-

Ве информираме дека субвенциите тековно се исплаќаат согласно најповолната динамика, во 2026 година се исплатени 3.080.000.000 денари  за директни плаќања и 204.000.000 денари за рурален развој.
Во моментов дополнително работиме и на анализи за моменталната состојба со зголемувањето на цените на импутите како би можеле да им излеземе во пресрет на земјоделските производители, одговорија од Платежната агенција за Зелена берза.
Анета Блажевска

Поврзани новости

Back to top button